Љубоморното момче ја тепаше, а таа сподели фотографии на социјалните мрежи
Мелиса Л Генц (22) беше брутално претепана од нејзиното љубоморно момче во септември. Иако сè уште не е закрепната, таа одлучи да ги сподели фотографиите на социјалните мрежи, да ја раскаже својата приказна и да ги предупреди жените за сè почестиот феномен на семејно насилство.
Мелиса е ѕвезда на Инстаграм, но исто така и жртва на брутално насилство врз жените кое е сé почеста појава. Во септември ја претепа богатото момче со кое живееше, за време на престојот во неговите апартмани во Темпе, Флорида. Таа сè уште закрепнува од повредите и веќе четири месеци страда од посттрауматски стрес.
https://www.instagram.com/p/BoXzJ6JjSJQ/?utm_source=ig_share_sheet&igshid=7dex2e85k8pq
Веднаш по нападот, оваа студентка го пријавила момчето милијардер во полиција, а потоа Ерик Брек бил уапсен.
https://www.instagram.com/p/BoMTns-jYnb/?utm_source=ig_share_sheet&igshid=ma6843sm1fq1
Мелиса е храбра и не сака да ги крие лузните од сето она што го преживеала, бидејќи мисли дека ќе им помогне на многу жени или ќе им ги отвори очите за потенцијален проблем во кој можат да се најдат.
https://www.instagram.com/p/BoHxvjqDrTM/?utm_source=ig_share_sheet&igshid=rbc42yv02n8x
Мелиса ги повикува своите фанови да изберат внимателно со кого ќе се забавуваат, да го проверат однесувањето на нивниот партнер и да споделат сè со своето семејство.
Таа додава дека жените треба да стремат кон вистинска љубов, а не кон пари, бидејќи тоа дефинитивно не може никого да го направи среќен.
Многу жени ѝ се придружија, некои од нив и самите преживеале насилство, а некои затоа што се мајки, сестри, ќерки.
https://www.instagram.com/p/BpFWkjljWSB/?utm_source=ig_share_sheet&igshid=11aikl92p41pb
A