Во железничката несреќа што се случи вчера во Данска загина најмалку осум лица, соопшти портпаролот на данската полиција.
Меѓу загинатите има пет жени и тројца мажи, но тие засега не се идентификувани, објави „Ројтерс“.
Железничката несреќа во Данска се случила поради пакети со пиво кои испаднале од товарен воз што по пругата се движел пред патничкиот, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Официјален претставник на Датските државни железници (DSB) претходно потврди дека несреќата се случила кога патнички воз со 131 патник кој патувал кон Копенхаген, удрил во пакет со пиво што испаднал од товарен воз.
Мостот Соребелт, на кој се случила несреќата, ги поврзува островите Зиланд и Фин, а поради инцидентот е затворен.