Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Македонски Брод

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод  поднесе кривична пријава против Милосим Војнески (59), Љ.Б.(52)  и Г.М.(51), сите од  Македонски Брод, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.

Според полицијата, на 30.10.2006 година Војнески, како  градоначалник на Општина Македонски Брод, без согласност од Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика, ја именувал третопријавената за директор во Детската градинка „7-ми Септември” – Македонски Брод. Исто така, во текот на 2016 и 2017 годинапрвопријавениот, извршил незаконско именување на двајца раководни административни службеници во Општина Македонски Брод.

Во текот на 2016 година, второпријавениот, како директор на детската градинка ,,7-ми Септември” – Македонски Брод, без распишан јавен оглас, ја вработил третопријавената, со што истата, по основ на плати, се стекнала со противправна имотна корист од 1.054.971 денари, додека била предизвикана и дополнителна штета на градинката од 48.840 денари. Во периодот од 30.10.2006 до 30.04.2008 година, третопријавената, како директор на детската градинка „7-ми Септември” Македонски Брод,  спротивно на Законот за работни односи, Законот за вработени во јавниот сектор и спротивно Закон за извршување на Буџет на РМ, без согласност од Министерството за финансии, вработила две лица. Исто така, во текот на  2007 и 2008 година, третопријавената, и покрај тоа што знаела дека во наведената институција не била во редовен работен однос, депонирала свој потпис во Централен регистар, а  потоа врз основа на одлука на Совет на Општина Македонски Брод, ретроактивно и биле исплатени шест плати, со што се стекнала со противправна имотна корист од 101.262 денари.

Треба да знаете
Последни објави