Во текот на денешниот ден вакцинирани 488 деца со МРП вакцина

Министерство за здравство информира дека денеска до 19:00 часот вакцинирани се вкупно 488 деца со МРП вакцина.

Од Министерството апелираат до сите родители да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцина, која е висококвалитетна и ефективна, а производител е GlaxoSmithKline од Белгија.

Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт”, „Бит Пазар” и „Јане Сандански” ќе работат и утре (04.01.2019 година) до 19:00 часот, се наведува во соопштението од Министерството.

Оттаму потсетуваат дека се уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата на морбили (мали сипаници) прогласена во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави