Градинките во Општина Аеродром од денеска не примаат невакцинирани деца

Градинките во Општина Аеродром од денеска нема да примаат невакцинирани деца со МРП вакцината откако вчерабеше прогласена епидемија од морбили на територија на Град Скопје, соопштија од Општината.

„Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден прогласи епидемија од морбили (мали сипаници) на целото подрачје на град Скопје, со што од денеска, 3 јануари, стапува во сила привремена мерка забрана за носење на сите невакцинирани деца од МРП-вакцината во сите градинки на подрачјето на градот“, се вели во соопштението.

Ваквата мерка, додаваат од таму, стапува во сила согласно со член 56 и 57 од Законот за заштита на населението од заразни болести.

„Општина Аеродром апелира до родителите да се придржуваат до препораките од Министерството за здравство, со цел да се заштитат децата од ова заболување и да се спречи понатамошно ширење на епидемијата од морбили“, велат од Општината.

Треба да знаете
Последни објави