Министерството за здравство апелира до сите родители да ги вакцинираат децата со МРП вакцина. Оттаму потсетуваат дека на сила е наредбата дека децата кои не се вакцинирани нема да бидат примени во градинка, со цел, како што велат, спречување на ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.
„До 14 часот, во поликлиниките на територија на град Скопје вакцинирани се вкупно 371 дете“, информираат преку соопштение од министерството за здравство.
Состојбата на пациентите кои се заболени од морбили, додаваат оттаму е стабилна, во моментов се утврдува клиничката и лабораториска слика за уште едно дете, за кое лекарите се сомневаат дека има мали сипаници.