Егзекутиран кинескиот Џек Мевосек

Серискиот убиец наречен кинески Џек Мевосек, поради начинот на кој убил 11 жени, е егзекутиран денеска, три децении по првото убиство, соопшти судот.

Кинескиот врховен суд ја потврди смртната казна. Гао Ченгјонг (54) ограбувал, силувал и убил 11 жени и девојки, во периодот меѓу 1988 и 2002 година. Тој бирал млади жени кои носеле црвено и ги следел до дома, им ги пресекувал грлата и им ги касапел телата. Најмладата жртва имала само осум години.

Kога бил уапсен во 2016 година, во медиумите било објавено дека на некои од жртвите им ги отстранил репродуктивните органи.

Треба да знаете
Последни објави