Спасувачките екипи во текот на ноќта пронајдоа уште пет тела под урнатините на стамбената зграда во Магнитогорск, со што бројот на жртви се искачи на 33. Осуммина станари се уште се водат како исчезнати.
Меѓу телата кои се пронајдени во Магнитогорск е и едно тригодишно девојче, соопшти Министерството за вонредни ситуации. 11-месечото дете кое беше извлечено речиси 36 часа по падот на зградата се наоѓа во сериозна, но стабилна состојба на детската болница во Москва.
Министерката за здравство, Вероника Сквортсова изјави дека детето има површински рани на главата, но дека нема оштетување на мозокот. Шансите да се пронајде жив некој од останатите осуммина станари под урнатите се многу мали, бидејќи помина и третата ноќ по урнувањето на зградата, а температурите се спуштија на -20 степени.
Катастрофата се случи во понеделникот изутрина, а според официјални лица до експлозијата дошло поради истекување на гас