Прилепчанец со „тојота“ прегазил сопружници

Сопружници биле удрени од автомобил, вчера во Прилеп, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа околу 19.30 часот се случила на крстосницата од улиците Борис Кидрич и Крушевска.

Тогаш прилепчанецот З.М.(54) управувајќи автомобил „тојота авенсис”со бугарски национални ознаки удрил во пешаците Д.К.(75) и С.К.(72) двајцата  од Прилеп.  Во незгодата С.К. била тешко повреден по што пренесена е во Општа болница Прилеп.

Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави