Македонската ракометна репрезентација на Светското првенство кое за седум дена почнува во Германија и Данска ќе настапува со нови дресови.
Официјалниот партнер на селекцијата „Д-спортска опрема“ денеска ја промовираше новата опрема, а спонзорот останува ист- „Хумел“. Новиот дрес во однос од претходниот се разликува се неколку линии и нијанси. Дресот е во три бои, бел, жолт и црвен.
Ракометарите утре и в петок ќе одиграат два тест натпревари против Србија, која исто така е учесник на Мундијалот.
Македонската репрезентација на Светското првенство ќе игра во група со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин, а првиот натпревар е против „самураите“, на 11 јануари.
Фото: Слободан Ѓуриќ