Страотна снимка: Го заборавила подарокот на дечкото во бар, а тој ја претепал и почнал да ја дави

Ужасната видео снимка на еден бразилски пилот (24) кој крвнички ја тепа  неговата девојка го шокираше светот.  Бруталното домашно насилство е снимено благодарение на скриениот мобилен телефон на жртвата.

Момчето буквално се изживувало над девојчето со удари и шлаканици, а инцидентот бил забележан во нејзиниот дом во Бразил. Насилникот е Виктор Жинкеира (24), а жртвата е две години постара од Лучиан Синзимбра.

Овој инцидент бил снимен откако двојката се вратила од забава со пријателите од еден локален ресторан на 15-ти декември.

https://youtu.be/AX7lvfOREqg

Инаку Лучијан, адвокатка по професија, на телевизија изјавила дека проблемот настанал бидејќи не му донела подарок на дечкото. Подарокот бил купен но таа за несреќа го заборавила во барот. Момчето збеснало во моментоткога сватило дека останува без подарок.

“Не можете да верувате дека лице со кое сте поминале три години ќе ве претепа и ќе се обиде да ве убие за заборавен подарок- вели таа.“

 

Треба да знаете
Последни објави