Туристи бегаат од популарните острови на Тајланд, доаѓа бура со бранови до 7 метри

Десетици илјади туристи се евакуирани од одморалиштата на тајландските острови Кох Панган и Кох Тао, во пресрет на тропската бура Пабук.

Како што пренесува „Гардијан“, претходно на островите дошло до масовен егзодус, бидејќи се очекува невремето да донесе обилни дождови, разорни ветрови и бранови високи до седум метри.

Туристите со траекти се пренесени на копното на Тајланд, а по нивната евакуација забрането е пливање и пловидба на бородови.

Пабук е прва тропска бура на Тајланд надвор од сезоната на монсуните во последните 30 години. Се очекува в петок да ги погоди островите Кох Панган, Кох Тао и Кох Самуи, па да продолжи кон копното.

 

Треба да знаете
Последни објави