„Флај кем“ го демантира ВМРО-ДПМНЕ

Компанијата „Флај кем Дооел Скопје“, најостро ги демантира лагите и клеветите за наводно склучување на договори во четири очи од страна на нашата компанија со држави институции.

-Нашата компанија учествуваше на споменати јавни набавки од страна на ВМРО-ДПМНЕ и објавени во некои портали според сите законски прописи. На секоја од трите наведени јавни набавки кои се посочуваат, нашата компанијата уредно учествуваше на електронска аукција согласно законот. Лагата е дотолку поголема ако се земем предвид фактот дека на секоја од трите електронски аукции учествуваа по повеќе компании. За ова тврдење во прилог на овој демант ги доставуваме официјланите документи од електронските аукции. Истите може да се проверат со секоја од институциите поединечно.
Доколку во рок од 48 часа ВМРО-ДПМНЕ не се извини, нашата компанија ќе поднесе тужба за клевета. Ги повикуваме сите останатие медиуми и институции слободно да ги проверат фактите околу овие набавки, велат „Флај кем Дооел Скопје“ .

Треба да знаете
Последни објави