Гостиварец тешко се повредил откако паднал од покрив на својата куќа, информираше МВР.
Според полицијата, околу 17.30 часот во гостиварската oпшта болница бил донесен Ќ.А.(64) од Гостивар.
Тој како што е пријавено, чистејќи го оџакот на својата куќа, се лизнал и паднал од покривот. По укажаната прва помош поради сериозноста на повредите е префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.