Во Мексико пронајден првиот храм на богот Шипе Тотек

Мексикански археолози го пронајдоа првиот храм на древниот ацтечки бог на плодноста, Шипе Тотек, што во превод значи „богот без кожа”. Тој најчесто е претставуван како човек без кожа на себе, но и „облечен” во туѓа човечка кожа.

Мексиканскиот национален институт за антропологија и историја соопшти дека откритието се случило при ископувања на наоѓалиште поврзано со древниот народ Пополока, чии потомци и денес живеат во централната мексиканска сојузна држава Пуебла.

Меѓу пронајдоците се два черепа и тело од изрезбан камен што го прикажуваат древниот бог.

Древните претколонијални мексикански народи го чествувале богот Шипе Тотек така што на принесената жртва ѝ ја дереле кожата. Тоа се правело за да се осигури плодноста и заради побрзо заздравување на повредните.

Треба да знаете
Последни објави