Досега се вакцинирале вкупно 371 дете со МРП вакцина

Министерството за здравство апелира до сите родители да ги вакцинираат децата со МРП вакцина. Оттаму потсетуваат дека на сила е наредбата дека децата кои не се вакцинирани нема да бидат примени во градинка, со цел, како што велат, спречување на ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.

До 14 часот, во поликлиниките на територија на град Скопје вакцинирани се вкупно 371 дете“, информираат преку соопштение од министерството за здравство.

Состојбата на пациентите кои се заболени од морбили, додаваат оттаму е стабилна, во моментов се утврдува клиничката и лабораториска слика за уште едно дете, за кое лекарите се сомневаат дека има мали сипаници.

Треба да знаете
Последни објави