Старец бил прегазен вчера на регионалниот пат Тетово- село Пирок, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 17.15 часот на дел од патот што поминува во Голема Речица. Тогаш Р.Е.(45) од Мала Речица, управувајќи автомобил „сеат леон” удрил во пешакот А.А.(73) од Голема Речица.
По незгодата А.А. бил пренесен во Клиничка болница Тетово, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот.