Приведени четворица велешки дилери на хероин

Полицијата фатила „живи“ четворица дилери на хероин и против нив поднела кривични пријави, информираше МВР.

Станува збор за А.Д.(35),  А.М.(35), Д.Р.(30) и Б.З.(29), сите од Велес, против кои се поднесени кривични пријави за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори. Првите двајца осомничени се товарат и за овозможување на употреба на наркотични дроги.

Според полицијата, осомничените биле фатени на 07.12.2018 година во Велес на улица Стефан Богоев. Полицијата при претрес кај четворицата пронашле хероин, како и мешавина од кофеин, парацетамол и хероин, и кеса и фолија со остатоци од хероин.

Треба да знаете
Последни објави