Ракометарите добија нови дресови за Мундијалот

Македонската ракометна репрезентација на Светското првенство кое за седум дена почнува во Германија и Данска ќе настапува со нови дресови.

Официјалниот партнер на селекцијата „Д-спортска опрема“ денеска ја промовираше новата опрема, а спонзорот останува ист- „Хумел“. Новиот дрес во однос од претходниот се разликува  се неколку линии и нијанси. Дресот е во три бои, бел, жолт и црвен.

Ракометарите утре и в петок ќе одиграат два тест натпревари против Србија, која исто така е учесник на Мундијалот.

Македонската репрезентација на Светското првенство ќе игра во група со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин, а првиот натпревар е против „самураите“, на 11 јануари.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави