Маринецот застрелан во касарна во Вашингтон бил убиен од случајно испукан куршум

Американскиот маринец кој загина во вторникот по инцидентот со пукање во најстарата касарна на маринците во близина на Капитол Хил, бил убиен случајно, соопштија маринците во четвртокот.

Тие рекоа дека 20-годишниот Рајли Кузија бил убиен од колега на стража, кој случајно испукал од своето оружје и сериозно го повредил Кузнија, кој им подлегнал на повредите во болница еден час подоцна.

Маринецот чие оружје пукнало е отстранет од функцијата и е ставен на административна должност за време на истрагата. Полицијата почна истрага за смртен случај и вели дека засега не планира да покренува никакви кривични обвиненија.

Треба да знаете
Последни објави