Помпео следната недела во посета на Ријад

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека ќе бара од Ријад нови информации за тоа како напредува истрагата за случајот со саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Кашоги беше убиен во октомври минатата година, откако влезе во саудискиот конзулат во Истанбул.

Следната недела Помпео ќе замине во посета на Ријад.

Помпео, исто така, ќе ги посети и Јордан, Египет, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Оман и Кувајт за време на неговата турнеја на 8 до 15 јануари, се вели во соопштението на „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави