Бени годинава сака внук или внука од Нора

Се дружат секогаш кога можат, иако и двајцата се во брак и имаат свои семејства. Во Новата година си посакуваат здравје, среќа и повеќе семејни дружби. Велат дека нема критериум на нашата естрада за тоа кој, каде и како се појавува. Еден на друг си се секогаш поддршка во секој поглед. Ова се Нора и Бени Шакири, брат и сестра кои веќе долги години опстојуваат секој во својата бранша. За 24 инфо велат дека освен здравјето во животот се може да се купи со пари.

Нора за Бени вели дека секому би посакала брат каков што е Бени.

Неговата пожртвуваност кон мене и кон семејството е нешто што никогаш кај никого го немам видено. Бени е голем другар, многу чесен, искрен и како што кажав многу грижлив. Кога сум со него сум најсигурна, знам дека додека е тој до мене јас никогаш за ништо нема да патам. Многу е едноставен и многу забавен. Нема како Бени- вели Нора.

Бени пак за сестра си вели дека Нора како сестра е „Боже ме сачувај“

Боже ме сачувај од нејзине љепоте али па ја не ја бирав. Таква ми се падна, ха ха ха ха…. Шала на страна чест и задоволство ми е да ми е сестра и изузетно е предизвик да ја имам Нора за сестра- вели Бени.

На Нора премногу и недостигаат телевизијата и водителските ангажмани.

Многу ми недостасуваат, нешто ситно подработувам ,но сепак не е тоа она кое ќе ме задоволи. Во моментов јас лично немам никаков план, ангажирана сум на друго место, но ако добијам понуда која не би можела да ја пропуштам секако со задоволство ќе се вратам на екраните- вели Нора.

Бени, пак, вели дека не му се работи на нови проекти. Објаснува дека нема критериум по кој се движат настаните.

„Која мајка изгубила ќерка таа снимила спот со помош на спонзори и се врти по нашите квази ТВ станици и се умишљаат дека се јако битни, а па ја у тоа миље не се уклапам, па еве им бујрум нека снимаат и снимаат. Едино е може интересно тоа што со Ориѓански ке свириме концерт во Скопје во април месец – вели Бени.

За оваа година вели дека има само една желба, а тоа е здравје за сите негови блиски и тие од вториот семеен и друштвен ешалон.

Другото се купуе, тоа ми е желбата на приватен план. За службен пак исто така здравјето е примарно, но тоа е службено…. ха ха ха- вели Бени.

Нора пак е мажена за Марко и Бадник и Божиќ се денови или празници кои ги празнува со нејзиниот сопруг Марко.

Јас со радост ги дочекувам но вечерата и ручекот и сите адети се секогаш во домот на родителите на Марко. Можам да кажам дека со особена радост учествувам ко кршењето на лебчето и нормално потајно се надевам дека паричката ќе падне кај мене. Се надевам дека оваа година тоа и ќе се случи- вели Нора. 

Бени, пак, од Нора оваа година сака внуче или подобро внука.

Со Нора се дружиме наутро кога ги носам децата во градинка, а успат и неа на работа. Попладне на прибирање исто. Мислам дека е сосем доволно, нема потреба од дополнување на дружбите ха ха ха…. Со оглед дека годинава заспав пред Нова година во 23 и 15 па пропуштив и петарди и се. Бев преморен од секојдневните концерти како приватни така и за државни субјекти. Ни падна имунитетот и сега заглавивме по лекари и акупунктури….- вели Бени.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави