Една скопјанка касната од куче скитник, друга од куче-домашен миленик

Две скопјанки вчера биле каснати од кучиња , информираше МВР.

Во Полициската станица Аеродром околу 18 часот Т.С.(24) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13  часот на булевар Видое Смилевски Бато била касната од куче сиктник во пределот на левата рака.

Скопјанката Е.Ј.(52), пак, во 17.30 часот во Полициската станица Карпош пријавила дека истиот ден на булевар Партизански Одреди била нападната и касната од куче сопственост на З.Д.(38) од Скопје во пределот на десната надлактица.

Против З.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Треба да знаете
Последни објави