Експлозија пред канцеларија на германската ултрадесничарска АФД

Пред седиште на германската ултрадесничарска партија Алтернативата за Германија (АФД) во источниот дел на земјата, одекнала експлозија во која, како што пренесуваат германските медиуми, нема повредени.

Засега неидентификуван уред експлодирал синоќа пред канцеларијата на АФД во Дебелн, поради што испукале стаклата, а вратите од зградата се оштетени.

Заменик-гувернерот на Саксонија, социјалдемократот Мартин Дулиг, на „Твитер“ објави дека нема оправдување за она што се случило и оти таквите напади одат во прилог на политиката на АФД и и штетат на демократијата.

Алтернатива за Германија со свои претставници е застапена во Бундестагот од 2017 година, потсетува агенцијата АП.

Треба да знаете
Последни објави