Земјата со најголем број луѓе, во 2018 прв пат во историјата забележа пад на бројот на жители

Бројот на жители во Кина, земјата со најголем број на луѓе, минатата година прв пат падна во последните 70 години, оценуваат експертите, наспроти откажувањето од политиката на едно дете.

Иако официјалните податоци ќе бидат познати до крајот на јануари, експертот Ји Фуксан, истражувач кој работи во САД, на универзитетот Висконсин-Мадисон, веќе сега оценува дека лани бројот на жители во Кина паднал за 1,27 милиони.

Тоа не е многу во однос на нивниот вкупен број 1,39 милијарди, но се случува прв пат во историјата на Народна Република Кина.

По про-наталитената политика на основачот на комунистичкиот режим Мао Це Тунг, Кина кон крајот на 70-години на минатиот век, почна да спроведува политика на едно дете, која често беше критикувана поради суровоста.

Но, поради стареење на населението, Пекинг во 2016 година им дозволи на сите семејства да имаат две деца. Сепак, поради трошоците за школување, здравствено осигурување и станување, многу брачни двојки и натаму одлучуваат да имаат едно дете, дури и ниедно.

Последица на тоа е паѓање на бројот на родени, лани за 2,5 милиони, рекол Фуксан.

Треба да знаете
Последни објави