Ова село во Италија плаќа 2.000 евра ако се преселите таму
Раководството на селото Бормида во Италија нуди 2.000 евра на секого доколку се пресели таму, во обид да спречи местото да стане “населба на духови“.
Секој што ќе се пресели во Бормида, која е на само 420 метри надморска височина и се наоѓа во регионот Лигурија на Западна Италија ќе добие 2.000 евра. Бормида моментално има околу 394 жители.
Иницијативата ја покренал официјалното лице Данијел Галијано како би го вратил животот во селото чиј бројот на населението во изминатите неколку години драстично е намален, бидејќи младите луѓе заминуваат да пронајдат работа во најблискот голем град Савони.
Конечните детали за износот на понудените пари дури треба да бидат утврдени и одобрени од локалното собрание, но доколку се помине во најдобар ред од наредната година секој кој ќе се одлучи да живее во изнајмен или купен дом во Бормида ќе добие на поклон 2.000 евра.