Четворица скопјани провалиле во автомобил од каде украле 350.000 денари, информираше МВР.
Станува збор за К.Т. (41), Ш.Д. (35), М.Џ. (33) и Б.Џ. (28) сите од Скопје, против кои полицијата поднесе кривична пријава за тешка кражба.
Според полицијата, кражбата се случила ноќта 23.12.2018 на улицата Беласица, на паркингот спроти Скопски саем, при што откако К.Т. и Ш.Д. со употреба на тврд предмет го искршиле задното лево лептир стакло и ја отклучиле вратата на автомобилот „рено меган“ со битолски регистарски таблички. Откако влегле во возилото успеале да го отворат гепекот на возилото и заедно со М.Џ. и Б.Џ. зеле чанта во која имало лични документи, клучеви, 250.000 денари и 570 евра.
По преземени мерки и активности од полициски службеници, лицата се лишени од слобода и во полициска станица го појасниле начинот на извршување на делото.