Американските власти синоќа го повикаа Иран да се откаже од лансирањето на ракети во рамки на вселенската програма, оценувајќи дека тоа би било провокација.
„Иранското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на следните месеци сака да лансира три вселенски ракети. Таквата акција уште еднаш би покажала дека Иран не ја почитува резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ОН, според која Иран се повикува да не спроведува активности со балистичките ракети, кои можат да носат нуклеарни боеви глави“, изјави шефот на дипломатијата, Мајк Помпео.
Според неговите зборови, властите на САД го советуваат Иран да се откаже од таквите провокации и да ги сопре сите активности со балистички ракети, за земјата да избегне економска и дипломатска изолација.
САД претходно воведоа економски санкции кон Иран, по повлекувањето од нуклеарниот договор, што претседателот на САД, Доналд Трамп го сметаше за лош.