Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала вечерва околу 20 часот и 27 минути бил регистриран во Албанија.
Епицентарот на земјотесот бил на околу 30 километри северо-западно од Ѓирокастро, град во јужниот дел на Албанија, и на околу 13 километри од Химара, град исто така во јужна Албанија.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за предизвикана материјална штета или, пак, повредени лица во земјотресот.