Иранската морнарица ќе распореди бродови во Атлантскиот океан

Иранската морнарица од март ќе распореди воени бродови во западниот дел на Атлантскиот океан, објави денеска еден од иранските команданти.

Исламската Република сака да го зголеми оперативниот опсег на своите поморски сили до двориштето на најголемиот непријател, Соединетите Американски Држави, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Присуството на американски носачи на авиони во Персискиот Залив претставува безбедносен проблем за Иран, чија морнарица се обидува да се спротивстави со испраќање на бродови со ирански знамиња во близина на американските територијални води, објави агенцијата.

Заменик командантот на иранската морнарица, адмиралот Турад Хасани, изјави дека флотилата ќе се упати кон Атлантикот на почетокот на иранската Нова Година, која се паѓа во март, како и дека за пристигнување до крајната дестинација на бродовите најверојатно ќе им бидат потребни околу пет месеци.

Треба да знаете
Последни објави