Ирска ќе бара помош од ЕУ во случај на Брегзит без договор

Ирска ќе побара од Европската Унија помош од неколку милиони евра во случај Велика Британија да ја напушти Унијата без договор, изјави ирскиот министер за земјоделство, Мајкл Крид.

„Во прашање се неколку стотини милиони евра“, рече Крид и додаде дека итната помош се однесува на индустријата со говедско месо, млечните производи и риболовот – сектори кои би можеле да бидат најпогодени во случај на брегзит без договор.

Околу 80 отсто од ирските извозници ги продаваат своите производи во Велика Британија.

„Многу сме свесни за зависноста на Ирска од британскиот пазар за прехрамбена индустрија. Никој за тоа уште не сака да зборува, но и понатаму постои надеж дека разумот ќе преовлада“, изјави Крид.

Треба да знаете
Последни објави