СДСМ годинава очекува економски раст, повисоки плати и подобар животен стандард

Раст на економијата, повисоки плати, повеќе пари кај граѓаните и подобар животен стандард. Вакви се очекувањата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во однос на економијата за оваа година.

„Трендот на раст на платите продолжува и во оваа 2019 година. Оваа година, вработените во здравството, образованието, армијата, полицијата, вработените во детските градинки и културните работници добиваат поголеми плати за 5 проценци. Докторите специјалисти добиваат поголеми плати за 10 отсто. Државната помош за претпријатијата ќе овозможи услови за зголемување на платите во приватниот сектор и отворање нови работни места. Создадени се услови навистина да се вренува трудот на работниците и да се подобри животниот стандард на работничките семејства, на граѓаните. Истовремено, невработеноста во 2019 и понатаму ќе се намалува, преку пакетот активни мерки за вработување – вреден 1.1 милијарда денари. Очекувањата се невработеноста да се намали под 20 проценти, што е историски најниско ниво“, наведува партијата на власт, преку соопштение.

СДСМ додава дека со посветено и домаќинско работење и со спроведувањето на зацртаните економски мерки, владата создава реални услови за повисоки плати, нови и подобро платени работни места, повеќе пари во секое семјство и подобар животен стандард за граѓаните во 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави