Фудбалерот на „Манчестер Сити“, Бернардо Силва истрча 13,7 километри синоќа на натпреварот со „Ливерпул“. Ова е рекорд во досегашниот дел од сезоната во англиската Премиер лига.
Дваесет и четиригодишниот Португалец во тековната сезона одигра 26 натпревари за „Сити“, постигна седум гола со седум асистенции.
„Манчестер“ го доби натпреварот со 2:1 и ја намали разликата во однос на лидерот „Ливерпул“ на четири бода.