Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе ја посети караулата Богородица во близина на Гевгелија каде престојуваат припадниците на Армијата на Република Македонија распоредени на јужната граница.
Припадниците на АРМ се распоредени на јужната граница на Република Македонија од 2015 година, како мерка за зајакнато обезбедување на границата поради мигрантската криза, во помош и поддршка на Министерството за внатрешни работи и Граничната полиција.