СДСМ отворено манипулира и ги лаже земјоделците.Воведувањето на таканаречена зелена нафта е само уште една лага во низата на лаги на СДСМ кон земјоделците, во ситуација кога владата на СДСМ и Зоран Заев драстично ја зголемија акцизата за нафта, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, СДСМ води политика на кражба и лажење. Зголемувајќи ја акцизата далеку повеќе одземаат од граѓаните отколку што ќе овозможат бенефит со зелената нафта.
,,СДСМ повторно ги изажеа земјоделците дека ќе добијат 160 милиони евра субвенции. Реалноста е сосема поинаква. СДСМ ја прави истата манипулација како минатата година, односно со предложениот буџет од предвидени субвенции и програма за рурален развој, земјоделците ќе добијат околу 141 милиони евра, односно за цели 19 милиони евра помалку.
Земјоделците едвај преживуваат. СДСМ донесе црнило и во земјоделието. Оваа година немаше загарантиран откуп на доматите, зелката, краставиците, бостанот, пченицата, сливите и јаболката. За бедата да биде поголема цените кои им беа понудени на земјоделците беа мизерни и недостоинствени за нивниот труд и мака. Земјоделците се жртва на политичкото цунами на СДСМ.
СДСМ го потцени трудот и производот на земјоделците и затоа мора да замине.Земјоделците заслужуваат сигурен пласман, повисоки откупни цени и нови пазари. Земјоделците заслужуваат подобро, затоа колку побрзо си замине оваа криминогена власт толку побрзо ќе може македонското земјоделство да се опорави”, се додава во реакцијата.