Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари го поздрави потпишувањето на договорот со ЕБОР за обезбедување средства за изградба на фотонапонска централа во РЕК Осломеј во Кичево.
-За нас е добредојдена ваква инвестиција. Како општина сме биле и ќе останеме отворени, па оттука ја поздравуваме вестa дека Комбинатот ќе продолжи да работи, дека 1000 вработени нема да ги загубат своите работни места и што е најважно нема повеќе да ја загадува околината и во голема мера ќе се намали загадувањето во нашата општина, рече градоначалникот на општина Кичево Дехари.
Инвестицијата изнесува седум милиони евра, од кои 5,9 милиони се заем од Европската банка за обнова и развој, а останатите сопствени средства на ЕЛЕМ. Договорот за заем со ЕБОР беше потпишан вчера, а се очекува РЕК Осломеј за околу една година да биде покриен со 10 мегавтна фотоволтаична мрежа.