Излетало возило кај Кадин мост – еден повреден

Скопјанец е тешко повреден откако со воизло излетал кај Кадински мост.Според полицијата, несреќата се случила вчера во 20 часот на локалниот пат Кадино – Миладиновци, кај Кадински мост.

Возило „БМВ Х5″ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н (45) година од Скопје, излетало надвор од коловоз и се превртело. Со повреди се здобил возачот, кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и му се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид, информира МВР.

Треба да знаете
Последни објави