Околу 300 војници на специјалните бразилски сили се распоредени во градот Форталеза, во североисточниот дел на Бразил, со цел да го запрат бранот на насилство и криминал, објавија властите.
Војниците ќе патролираат низ градот и останатите делови на државата Сеара поради чести напади врз продавници, банки и автобуси, пренесе во неделата Би-би-си.
Министерството за правда нареди распоредување на армијата по десетиците напади кои се случија неделава.
Нападите се и вид на протест против новите, построги мерки во локалните затвори, контролирани од криминалните групи.
Управата за затворски систем на Сеара ги блокираше сигналите за мобилни телефони во затворските келии и ја укина практиката со која затворениците биле групирани според припадноста на одредена банда.
Распоредувањето на армијата доаѓа неколку дена по инаугурацијата на новиот претседател Жаир Болсонаро, кој беше избран пред се поради ветувањата за жестока борба против криминалот.
Локалните медиуми пренесоа дека поради наслиства досега се уапсени најмалку 50 лица.