По повод големите христијански празници, Бадник и Рожденство Христово – Божик, генерлниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, во свое име и во името на СДСМ, упати честитка до сите православни верници кои ги прославуваат, до поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан и до членовите на Синодот.
Во честитката Кирацовски наведува дека симболиката, големината на Христовото раѓање е секој да ја почувствува радоста, спокојот и мирот.
„Дозволете да посакам во секој од нас да се роди добрина, љубов и човечка почит. Нека ве грее огнот на среќата, радоста и семејната топлина. Да се почитуваме, да дадеме придонес во негувањето на човековите вредности, многу значајни и за општеството кое сите ние заедно го градиме. Нека е честит големиот празник Рожденство Христово – Божик! За многу години, Христос се роди!“, стои во честитката на Кирацовски.