Германската полиција соопшти дека брачен пар загинал кога во нив удрил воз, додека се обидувале да ја преминат пругата.
Како што соопшти полицијата, се работи за маж и жена на 71 и 67-годишна возраст, кои се симнале од воз, по што се обиделе да ја поминат пругата на патот кон нивниот дом.
По слегувањето од возот, во нив удрил друг воз кој се движел во спротивната насока на железничката станица.