Полицијата покрена истрага откако беше објевено дека неодамна во приватна болница во Феникс, Аризона, се породила жена која најмалку 10 години е во кома.
Порталот „Azfamily.com“ во четвртокот вечерта, цитирајќи неименувани извори, соопшти дека жената се породила на 29. декември и дека ниту еден член од болничкиот персонал не знаел дека таа е бремена.
Како што пренесува агенцијата АП, подоцна слични извештаи објавиле и две телевизиски станици од Феникс.
Медиумите известуваат дека жената е во кома по речиси фатален инцидент со давење.
Британски „Мирор“ пишува дека полицијата во Феникс започнала истрага за можна сексуална злоупотреба врз жената која е во вегетативна состојба.