Педесет и четиригодшниот М.Р. од демирхисарското село Обедник со повреда на лева надколеница предизвикана за време на лов вчера од страна на лекар во Итна медицинска помош бил донесен во Здравствениот дом во Демир Хисар, информира МВР.
Според негово кажување, со повредата се здобил во село Обедник на место викано „Локва” при испукување куршум од ловна пушка од страна на С.Ѓ. (52) од истото село.
Извршен е увид по овластување на јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.