Трагедија за Бадник: Едно лице почина на лице место во сообраќајна несреќа
Тешка сообраќајка за големиот празник Бадник се случи на патот Ресен-Битола.
Како што пренесува Скопје1.мк, едно лице во несреќата во која се судриле Сеат кордоба со прилепски регистарски таблички и Пасат со ресенски регистарски таблички, го загубило животот на лице место.
До несреќата дошло при судир кај местото викано Кажани.