Обилни врнежи снег предизвикаа проблеми во Австрија

Снегот, кој без прекин врне од чевртокот, предизвика големи проблеми во многу делови на Австрија.

Во полн ек е и смена на туристи, кога голем дел се враќаат од скијачките центри, а патиштата се покриени со снег и мраз, јавија локалните медиуми.

Автопатот Тауернаутобан, на пример, мораше на територијата на Салцбург да биде привремено затворен за со контролирана експлозија да се отстрани опасност од лавини.

Аеродромот во  Инсбрук од саботата е речиси целосно затворен и летовите се откажуваат.

Со огромни количини снег се погодени и многу места кои се отсечени од остатокот на Австрија.

Многу лавини се закануваат и во скијачките центри, а во Салцбург една лавина затрупа скијачи кои, за среќа, преживеале.

Во местото Санкт Коломан градоначалникот Вили Валингер ги повика граѓаните да останат во своите домови, затоа што се заканува опасност од лавини.

Треба да знаете
Последни објави