=Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала погоди област 173 километри северозападно од градот Тернате во Индонезија.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесе „Ројтерс“.
Земјотресот се случува неколку недели по свлечиштата и цунамито во кое загинаа повеќе од 430 лица, а најмалку 1.500 се повредени.
Засега нема информации за ново цунами и жртви.