„Вулверхемптон“ го исфрли „Ливерпул“ од ФА Купот

Фудбалерите на „Вулверхемптон“ го победија „Ливерпул“ со 2:1 во третото коло на ФА Купот и ги елиминираа „црвените“ од натпреварувањето. „Волците“ и во јануари 2017 година го исфрлија  „Ливерпул“ од ФА Купот.

Домаќините дојдоа во водство  преку Хименез во 38. минута, а „Ливерпул“, кој настапи со подмладен состав, како и без Дејан Ловрен кој се повреди уште на почетокот на средбата, изедначи во 51. минута со голот на Ориџи.

„Волците“ не потклекнаа и по четири минути со прекрасен гол на Невес повторно дојдоа до водство, кое го задржаа до крај, иако за гостите во финишот заиграа Салах и Фирмино.

https://streamable.com/6pmi3

Треба да знаете
Последни објави