Потпретседателите на италијанската Влада, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини денеска дадоа поддршка на француското движење „Жолти елеци”.
Лидерот на италијанското движење Пет ѕвезди, Ди Мајо напиша на блог дека неговото движење е подготвено да им ја пружи потребната поддршка.
-Како и вие, и ние силно ги осудуваме оние кои предизвикаа насилство на протестите, но знаеме дека вашето движење е мирољубиво, наведе Ди Мајо.
И неговиот коалициски партнер и лидер на Северна лига, Матео Салвини, актуелен италијански министер за внатрешни работи, дава поддршка за „жолтите елеци”, меѓутоа тој додаде дека „апсолутно ја осудува секоја епизода на насилство”.
– Ги поддржувам пристојните граѓани кои протестираат поради претседателот кој владее против својот народ, но апсолутно и одлучно ја осудувам секоја епизода на насилство, кое никому не му е потребно, рече Салвини.