Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун тргнал кон Кина каде по четврти пат ќе се состане со кинескиот претседател, Си Џинпинг, јавија јужнокорејските медиуми.
Весникот „Ханкјорех“ објави повикувајќи се на неиуменувани извори дека Ким заминал на состанок со Си Џинпинг, пренесе „Ројтерс“.
Јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ објави дека севернокорејски воз во кој се наоѓа висок функционер ја преминал границата со Кина.