Германската полиција понуди награда до 10.000 евра за информација за престојувалиштето на жител на Полска, кој се бара поради убиство кое го извршил пред 20 години.
Полицијата во Берлин распиша и награда за секое лице кои има било каков контакт со Владимир Свинтковски (67), осомничен за убиство на аптекар во Берлин во 1999 година, пренесе „АП“.
Како што се наведува, властите тврдат дека Свинтковски, инаку по потекло од Русија, редовно менува перики и повремено носи брада, а полицијата верува и дека извршил пластична операција за да го промени својот изглед.
Како што се наведува, тој често користи лажни имиња, а освен германски говори и полски и руски јазик.