Дебранин бил претепан и ограбен во својот дом, информираше МВР.
Станува збор за С.Л.(38) кој разбојништвото го пријавил утрово во 5 часот.
Според него, тројца разбојници влегле во неговиот дом на улицата Вељко Влаховиќ во Дебар и му се заканиле со оружје. Разбојниците му го зеле мобилниот телефон, а едниот од нив физички го нападнал, по што го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.